Жена од Нови Сад го наполнила резервоарот, па го оставила автомобилот со клучевите среде улица – Причината е неверојатна!
Никој досега не се осмелил да го стори тоа.
Жената од Нови Сад, Александра Хеџи направи нешто што досега никој не се осмелил, како што вели, од револт.
Таа, всушност, својот автомобил “fiat 500”, го остави насред улица, со отворени врати и багажник, а клучевите ги оставила во автомобилот и претходно го наполнила резервоарот.
На соседите им порача да прават што сакаат со автомобилот.
„Драги соседи … еве ви го мојот Фичко па правете со него што сакате …ги дупнавте гумите двапати, ги кршевте брисачите, ги симнувавте регистарските таблички, го шкртавте со црн спреј , го гребевте со клучеви … ова утро пајакот ми го собра миленикот, па дури и општинскиот инспектор излезе на терен да ми напише прекршочна пријава, а имам годишен паркинг билет … за жал не можам да и пријдам на зградата и паркингот во дворот, бидејќи работите според планот траат само 180 дена … БРАВО за тоа … клучевите се во автомобилот, резервоарот е полн … па уживајте!!! Ве сака вашата комшивка од Толстоева“.
https://www.facebook.com/aleksandra.hedji/posts/10219178855084212
Овој пост предизвика огромен интерес кај интернет корисниците и многумина се прашуваа дали некој веќе го земал фичото.
– Она што е на дофат на вашите прсти, не е интересно …- одговори сопственичката.