Free zone

Попадија стана „Мис сензуалност“, попот го протерале…

На еден руски свештеник од Уралскиот регион му било забрането да служи во својата црква во Магнитогорск и бил протеран во едно далечно село, бидејќи неговата сопруга учествувала во локален избор за мис.

Православниот поп Сергеј Зотов беше казнет откако неговата сопруга Оксана, која поседува салон за убавина во Магнитогорск, ја освои наградата „Мис сензуалност“ на конкурсот.

Кога информацијата пристигна кај религиозните службеници, во руската црква, позната како конзервативна во голема мера, Зотов веднаш бил отпуштен од црквата во Магнитогорск.

Според британскиот таблоид „Дејли мејл“, 36-годишниот свештеник не бил во можност да се врати во црквата поради „скандал“, освен доколку неговата сопруга не се покае.

Зотов рече дека неговата сопруга се соочува со закани и злоупотреби и добива лути пораки, и рече дека планира да ја повика полицијата.

Свештеникот сега е принуден да ја продолжи својата работа во селото Фершампенауз, околу 65 километри од Магнитогорск, во кое живеат околу 4.000 жители.

Напиши коментар