Иако фантазиите се добри за сексуалното здравје, тие можат да бидат опасни за врската, според една студија на британската компанија за секс играчки, Ann Summers, спроведена на 3.000 луѓе.
Речиси 57 проценти од луѓето за време на сексот со партнерот/ката фантазираат за некој друг. Обично по кавга.
Жените се послободни во овој поглед, па дури 45% од нив редовно сонуваат за друг љубовник за време на врелиот секс со својот партнер. Сексуалните фантазии најчесто се среќаваат кај луѓе на возраст од 35 до 44 години, а централно место завземаат љубовниците од вистинскиот живот, а не славните ѕвезди.
Најпопуларна фантазија е сексот со поранешниот партнер, за кој 40% од луѓето сонуваат. Исто така, популарно е и глумењето на различни улоги, врзување, гледање порно филмови и тројки.
Припадничките на понежниот пол признаваат дека и самостојно гледаат порно филмови, потврди истражувањето.
Паровите своите фантазии најчесто ги остваруваат во спалната соба, една четвртина од нив го прават тоа под туш, а 15 проценти од нив имаат секс на работното место. Некои од нив отидоа чекор понатаму, дури девет проценти од двојките имале секс на јавно место, пишува Daily Mail.
„Фантазиите се еден вид можност да се избега од реалноста што помага да се постигне оргазам. Жените со нив го доживуваат она од што се плашат или се срамат да го прашаат својот партнер. Машките фантазии се исто така вообичаени, иако нивните фантазии обично се сметаат за „валкани“. Тие сонуваат за секс со нивната поранешна партнерка. Оваа фантазија им помага да почувствуваат самодоверба, бидејќи знаат дека веќе добро се снашле во тоа“, рече психотерапевтот д-р Пам Спур.
Сексот може да стане рутина со текот на времето, а фантазиите го подигнуваат либидото. Затоа, сексуалните фантазии за некој друг може да бидат и добри, рече таа.