Верувале или не, тоа е околу два процента помалку од претходната година.
Во Германија, се консумираат големи количини на алкохол, а секој Германец годишно просечно испива када полна со алкохол, покажа годишниот извештај за болестите на зависност.
Според последните пресметки, потрошувачката на алкохол во 2017 година во Германија изнесувала околу 131 литри по жител, што е за два проценти помалку од претходната година, објави германската централна канцеларија за зависности (DHS) во Берлин.
Сепак, овој благ пад не е причина за славење, се наведува во извештајот, бидејќи 131 литар соодветствува на полна када алкохол. Во извештајот, како последни податоци за консумирање алкохол се наведени бројките за 2017 година.