← НАЗАД НА БОЗА

Сакате да доживеете втор состанок, ова е прашање кое мора да престанете да го поставувате

Сакате да доживеете втор состанок, ова е прашање кое мора да престанете да го поставувате
49 Читања

Првите состаноци често се доста незгодни.

Кога само што сте се запознале со некого, тешко е да останете опуштени и да се сетите на сè што сте сакале да прашате и да кажете за себе.

Сепак, не треба да ви биде тешко да се сетите на реченица што треба да ја избегнете во иднината на состаноците.

Имено, психологот и авторка на книгата „Фејсбук врска: Од првиот состанок до сродна душа“,  Paulette Sherman, во интервју за Cosmopolitan предупреди дека на првиот состанок треба да се избегнуваат општи прашања, како што се: „Кажи ми нешто за себе“, затоа што отворате широк спектар на теми и ќе ја доведете личноста со која сте на состанок  во непријатна ситуација.

Наместо тоа, прашувајте повеќе конкретни прашања за она за што најмногу ве интересира. Се разбира, бидете внимателни, сепак вие сеуште сте странци.

Прашајте го за музиката, политичките убедувања, религијата, преферираните  филмови и книги и слично.

Сепак, овие се некои од работите од кои што ќе дознаете колку сте компатибилни, па веднаш ќе знаете дали ќе сакате да одите на втор состанок со таа личност или не.

„Ако забележите дека не му е најпријатно да зборува за нешто, спонтано преминете на некоја порелаксирана тема или, ако е можно, кажете нешто што ќе може да го насмее“, советува Шерман.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk