Осмелете се.
Д-р Кристен Марк, сексолог на Универзитетот во Кентаки, неодамна спроведе студија чии резултати покажаа задоволство на оние кои се во долги врски и чиј сексуален живот навлегол во рутина.
Според нејзиното мислење, шепотењето ќе ги разгори вашите страсти, а ова е она што треба да го изговорите за да имате неповторлив секс.
Д-р Марк вели дека шепотењата ќе направат чуда во вашата љубовна постела, само треба отворено да го кажете она што го сакате во сексот, но завиткано во дискретна лага.
– Повеќето луѓе се срамат да се разоткријат целосно и да ги кажат своите најскриени сексуални фантазии, бидејќи така откриваат многу ранлив дел од себе, особено ако нашата фантазија на некој начин е контроверзна. Се што треба да направите е да речете дека сте имале сексуален сон, а потоа детално да опишете што навистина сакате, – советува д-р Марк.
Според нејзиното мислење, врз основа на истражувањето, овој метод гарантирано функционира.
На дискретен начин отворено ќе кажете што сакате, на што се надевате и за што сонувате.
А никој не е имун на заводливите шепоти врз перницата.