After Midnight

Се прашувате КАКО некои жени толку лесно го задржуваат партнерот? ОВА се нивните тајни!

Полесно е отколку што изгледа …

За љубовната врска да опстане потребно е многу труд, толеранција и мудрост. Еве што зрелите жени никогаш не прават во врските.

Ментално силните жени не го анализираат значењето зад секој збор или постапка на друго лице. Трошењето енергија на такви работи нема смисла, бидејќи повеќето зборови немаат скриено значење.

Не очекуваат од партнерот да ги исполни

Зрелите жени најпрво се исполнуваат самите себеси, а дури  тогаш бараат некој кој ќе им го направи животот поубав. Многу е важно жената да може и да знае како да ужива во сопственото опкружување, односно да не очекува од партнерот да ја исполни и да и даде значење, туку сама во себе да го пронајде.

Не го спомнуваат минатото

Не се навраќајте на секоја кавга од годините наназад. Избегнувајте го непотребното споменување и вовлекување на минатото во кавгата која што нема никаква врска со тоа.

Не земаат пример од туѓите врски

Зрелите жени се целосно посветени на себе и на нивниот партнер. Копирањето или фокусирањето на туѓите односи и врски нема смисла, бидејќи секоја врска е различна, за што тие се свесни.

Не го омаловажуваат партнерот

Постојано расправање со партнерот за нешто поврзано со неговата личност ја одразува сопствената незрелост. Ако не можете да го прифатите како личност со сите негови доблести и маани, зошто воопшто да останете со него?

Тие комуницираат

Ментално силните жени комуницираат со својот партнер, без разлика дали односот е добар или лош. Тие не ги избегнуваат разговорите што треба да се направат, туку ги гледаат како можности за подобрување на врската.

Напиши коментар