Сигурно некогаш сте имале секс во хотелска соба, а ако сте помислиле дека бил подобар отколку дома, сигурно сте биле во право.
Научниците го потврдуваат тоа, а една од главните причини е новата средина која го стимулира производството на допамин, хормонот на среќата.
Анкетата спроведена во 2018. година покажа дека речиси половина од Американците сметаат дека сексот е подобар во хотел отколку дома, а главната причина е факторот на новото окружување.
Одалечувањето од вашата спална соба каде што обично имате секс со партнерот и престојот во нова, непозната средина, е возбудливо само по себе, објаснуваат научниците.
Huffington Post вели дека другите истражувања покажаа дека новата средина во човечкиот мозок го стимулира производството на допамин, хормон кој игра главна улога во сексуалната возбуда и го зголемува задоволството.
Покрај тоа, хотелските соби ги асоцираат паровите на одмор и бегство од секојдневниот стрес кој го намалува сексуалниот инстинкт.
Научниците тврдат дека приватноста на хотелската соба го прави сексуалното искуство порелаксирано и попријатно.
Сексуалниот терапевт Мариса Нелсон вели дека на паровите чиј брак е во криза често им советува да престојуваат во хотел.
Таа објаснува дека не мора да патуваат или да одат далеку, бидејќи им сугерира одмор кој трае неколку дена, за време на кој тие имаат можност да се поврзат и да бидат интимни.