After Midnight

Што ги прави мажите поатрактивни?

Ако ги прашате мажите, жените според непишано правило „паѓаат“ на убави мажи, кои не ги третираат баш токму онака како што заслужуваат.

За да ја тргнеме оваа погрешна претстава, ги прашавме жените што го прави мажот да изгледа привлечно и дојдовме до листата на следните квалитети кои го квалификуваат човекот од соништата.

Ви обезбедува поддршка

Жените особено ги сакаат оние мажи кои ќе им ја вратат самодовербата, кога сè ќе изгуби значење. Човек кој несебично ве поддржува е буквално се што ви треба.

Искрен е

Искреноста е секогаш на цена, особено кога ќе одберете партнер, на кого ќе му дадете целосен пристап до вашиот живот. Човек кој не предизвикува чувство на сомнеж, ќе биде идеален партнер за вас, покрај кој секогаш ќе можете да спиете мирно.

Ве слуша

Добрата комуникација е основата на секоја добра врска, а тој не само што ве слуша внимателно, туку исто така го применува она што сте го рекле еднаш. Жените навистина ги ценат мажите кои што го слушаат она што тие го говорат.

Има добра смисла за хумор

Жените сакаат насмеани мажи, а особено им се привлечени оние кои знаат да ги насмеат нив.

Зрачи со самодоверба

Човек кој верува во себе и знае што сака, ја зрачи енергијата, на која ниту една жена не останува имуна.

Тој е одговорен

Одговорен човек знае како да се справи со себеси и со својот живот, и ви дава јасна слика за тоа како ќе се однесува со вас. Ако тој знае да застане на ваша страна и покрај него можете да си дозволите да се опуштите, тој навистина е се што ви треба!

Напиши коментар