Sweet Home

Што велите за куќа која можете да ја нарачате online и да ја составите за само 8 часа?

Во последните неколку години, „направи сам“- проектите станаа омилен начин за одмор и поминување на слободното време, од наједноставните проекти како што се маски за лице со состојки кои сите ние ги имаме во фрижидерот до целосна пренамена на стари парчиња мебели, но сега се појави нешто што целосно ќе го смени терминот „направи-сам“.

Станува збор за монтажни куќи презентирани од Амазон, а откако ќе пристигнат на вашата адреса, може да ги составите за само 8 часа, а потоа одлучете сами дали ќе ја претворите во гостинска куќа, ваша оаза, внатрешна градина, остава или можеби студио.

Овие слатки куќи доаѓаат во големини од 10 до 20 квадратни метри, а за нив ќе треба да одвоите 300 до 450 илјади денари.

Write A Comment