Се верува дека овие скали во Рим во IV век ги донела Светата царица Елена, мајка на царот Константин.
Скалата Santa, скалите по кои според преданијата се качувал Исус Христос на Голем Петок, на пат кон Голгота, беа целосно разоткриени за прв пат по речиси 300 години пред Велигден.
Сите 28 скали, направени од мермер, за кои се верува дека биле дел од палатата на Понтиј Пилат, каде што Исус бил суден пред распнувањето, биле покриени со дрво уште во 1723, по наредба на папата Инокентиј 13.
Папата се плашеше дека скалите, по кои што верниците се качуваат на колена, се оштетуваат и нареди да бидат покриени со ореово дрво.
Верниците се качуваат на колена и дланки за да се покајат за своите гревови.
Дрвото беше отстрането минатата недела, со цел скалите да се реконструираат, и се додека не се започне со обнова, илјадници римокатолици кои во моментов престојуваат во Ватикан, на колена и тупаници се искачија по нив, во знак на покајание за своите гревови.
– Мислевме дека оваа можност е важна. Никој не веруваше дека некогаш ќе се качи на мермерните скалила – рече Паоло Виолини од Музејот на Ватикан, каде што се наоѓаат скалите.
Се верува дека овие скали во Рим во IV век ги донела Светата царица Елена, мајка на царот Константин.
Според преданието, четири капки Христова крв паднаа на скалите.
Овие места се означени со антички крстови.