Со оглед на тоа дека листата на сите работи на кои се жалат жените, од своите партнери, е многу долга, овој пат ние ги прашавме мажите, кои одлики навистина не би сакале да ги видат кај своите девојки или жени.
Повеќето од нив се одлучија за овие 3 особини, па, драги дами, ова нека ви биде предупредување. Ако некоја од овие карактеристики е ваша, обидете се да се ослободите од неа пред да почне да му пречи на вашиот партнер.
Мажите навистина не им се допаѓа, кога нивната избраничка …
- Ќе биде непристојна
Грубото и непристојно однесување едноставно не и доликува на една дама. Секој маж покрај себе сака нежна и суптилна жена, која има основни манири. Доволна е насмевка и пристојно однесување, и веќе сте оставиле добар впечаток кај вашиот партнер.
- Покажува дека е материјалистка
Ниту еден маж не сака да види дека парите и се на прво место на жената. Мал знак на благодарност е во ред и тоа од време на време, но маж кој бара за себе девојка за долга врска, никако нема да избере личност што деноноќно размислува за скапоцени подароци.
- Озборува
Еден од најпознатите иритирачки навики кај жените, за мажите, секако, е озборувањето и бесцелното занимавање со туѓите животи. Наместо тоа, вашиот партнер повеќе би сакал да ги слушне плановите за заедничкиот викенд или некоја тема што навистина ве засега.
Мажите потврдија дека озборувањето го сметаат за карактеристика на помалку интелигентните жени, а вие сигурно не сакате да оставите таков впечаток!