Free zone

Тајландскиот крал се ожени: За сопруга ја избра заменичката на шефот на личното обезбедување, а вака изгледаше свадбата

Многу малку јавноста знае за неа, а оваа вест ги изненади повеќето луѓе од Тајланд.

Тајландскиот крал Маха Вичиралонгкорн, за негова кралица, ја избра заменичката на шефот на личното обезбедување со која се оженил.

Оваа информација беше објавена неколку дена пред почетокот на големата церемонија за неговото крунисување кое ќе започне в сабота.

Кралската палата соопшти дека 40-годишната Сутида Вичиралонконкор На Аџаја е официјално мажена за 66-годишниот крал.

Сутида е четвртата сопруга на тајландскиот крал, воедно и некогашна стјуардеса која се запозна со ексцентричниот крал на еден од летовите.

Од 2014 година се приклучи на Кралската гарда и стана командант на Кралската безбедносна единица, а во моментов има ранг на генерал.

Маха стана крал во 2016 година по смртта на татко му. Пред Сутида тој се оженил и се развел три пати.

На снимките прикажани од државната телевизија кралот Маха беше во празнична бела униформа, а Сутида во розова традиционална облека.

Неговиот починат татко владееше 70 години, што го направи монарх кој најдолго владееше.

 

Напиши коментар