Тој не сака духовита жена … туку онаа која ќе се смее на неговите шеги.
Обично, духовитоста е на врвот на она што го очекуваме од партнерот, но мажите и жените под тоа подразбираат различни работи.
Мажите навистина не сакаат духовита жена, туку онаа што ќе се смее на шеги. Онаа пред која тие ќе можат да „заблескаат“ со други зборови.
На Универзитетот во Мајами, беше спроведена анкета на таа тема во која учествуваа 80 мажи и жени, а резултатите се сумирани на следниов начин: ако сакате да ги импресионирате, не се обидувајте да бидете смешни.
Според тоа, мажите особено, не се привлечени од духовитоста.
За среќа, жените се „програмирани“, така што им е поважно мажите да ги насмеат, отколку да се смеат на нивните шеги. Жените, способноста на мажите да ги насмеат ја сметаат како знак на негова интелигенција, така што мажите се развиле во таа насока – за да покажат дека се вешти со зборови.
Во текот на истражувањето, од испитаниците се очекуваше да утврдат колку е важно за нив партнерот да знае како да ги насмее, но колку им е важно и партнерот да ги смета за духовити.
Излегува дека жените сакаат духовит маж до себе, додека мажите сакаат жена која ги смета за духовити. Природата донесе сè во совршена рамнотежа, па не можеме да бидеме едни без други, нели?