Тантричкиот секс го доби своето име од “тантра” – древна индиска езотерична традиција која го промовира духовното учење.
Според тантричките записи, емоциите, сексот и еротиката се природни средства за ширење на свеста и спојување на машката и женската енергија во една целина.
Тоа доведува до максимално физичко, но и духовно задоволство.
Комуникацијата се создава помеѓу партнерите и учи како да се прифатат себеси и нивната подобра половина.
Исто така, помага да се врати сексуалната интимност и ги продолжува сексуалните моменти, со што се зголемува сексуалната екстаза, како и бројот на оргазми за време на односот.
Прво, важно е да се избере добар простор во кој ќе се обезбеди релаксирана атмосфера со свеќи и тивка музика.
Најпогодна поза е онаа во која мажот седи со прекрстени нозе, додека жената е свртена кон него, седната во неговиот скут, гледајќи во неговите очи.
Подоцна сè останува на вас, не ја избрзувајте пенетрацијата, вклучете ги допирите, синхронизирајте се со партнерот, поврзете се со зборови.
И не заборавајте, контактот со очи е од исклучително значење, па не го прекинувајте за време на сите ритуали и водењето љубов.