Всушност, студијата покажа дека дури една четвртина од паровите, од 1.500 испитаници кои живеат заедно, спијат три ноќи неделно во посебни простории.
Ако мислите дека „малата кутија“ нема ефект врз емоционалната врска, не сте во право.
Истражувањето, кое го правеше порталот Recombu, покажа дека телевизијата може да ја загрози блискоста на партнерот. И тоа како!
Како причина тие го наведоа несогласувањето во врска со телевизиските програми, а бидејќи никој не сака да попушти, полесно им е секој од нив вечерта да ја помине пред својот телевизор.
Истражувачите дознаа дека една четвртина нема да ја пропушти омилена серија или натпревар, затоа што тоа не е во фокусот на интерес на другата страна, па затоа претпочитаат да одат во друга просторија.
Само 20 проценти би компромисирале со тоа што би се согласиле да ја снимат емисијата и подоцна да ја гледаат.
На прашањето дали гледате телевизија со партнерот, 52 проценти одговориле со „да“, а 21 „не“.
Истражувањето покажа дека многу парови не ги сакаат истите ТВ-содржини, додека само 15 проценти имаат слични интереси.