Таа има повеќе од еден милион следбеници.
Згодна, мускулеста и затегната, ѕвездата на Јутјуб, Кристина Кариљо Буркам откри зошто одлучила да ја сочува нејзината невиност за бракот.
Познатата блогерка веќе година и пол е во врска со момчето Кеш, но ја зачува својата невиност. Таа тврди дека не е фригидна и дека ја привлекува сексот како и сите останати.
Таа има над еден милион следбеници и со објавувањето на видеото од Бали, во кое ја објаснува нејзината одлука, откри дека секој може да има интимна врска која не е базирана на секс.
Израснала во православно семејство и научила секогаш да постапува правилно. Сака да ја сочува нејзината невиност за брак , бидејќи тоа е нормално во нејзината традиција. Сака да ги поддржи сите што го чувствуваат притисокот на едно општество во кое се пропагира сексот во помладите години.
Таа инсистира дека тоа треба да се случи за првпат кога девојката е целосно подготвена за тоа.
Кристина бара длабока емоционална поврзаност со човекот кој ќе и биде прв.
Во последните 13 години таа јаде овошје и зеленчук и вели дека таквата диета ѝ дозволува да води потполно чист живот. Имаше многу момци, но не сакаше да има секс со нив додека не беше подготвена.
Верена е за Кеш, кој исто така стана вегетаријанец кога ја запозна.
– Интимниот живот е нешто лично и нешто што треба да се негува. Треба да легнувате во кревет и да се будите во присуство на некој посебен бидејќи животот е премногу краток за да го потрошите на лоши врски и празни луѓе, вели таа.