Мулаим Кан од Инегол, во северозападниот дел на Турција, има 152 внуци.
Овој 95-годишник е инаку, по потекло од поранешна Југославија. Тој беше учесник во Втората светска војна, како што му раскажа на претставникот на Партијата за правда и развој (AK Parti) во Бурса, Џилмаз Гурел, за време на неговата посета.
Кан има два брака и дванаесет деца зад него.
Сега е богат со 152 внуци, а како што рече, на некои од нив не им ги знае ниту имињата.