Free zone

ВЕРУВАЊЕ ИЛИ НЕ: парче „мастика“ продадено на аукција за 455.000 евра

Парче мастика од легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, од својот последен натпревар на Олд Трафорд против Вест Бромвич Албион (5:5) во 2013 година, беше продадено на аукција за дури 455.000 евра, пишуваат британските медиуми.

Неименуваниот обожавател зеде дел од мастиката што ја фрли шкотланѓанецот за време на натпреварот, го стави на онлајн аукција и се продаде за голем износ.

Интересно е тоа што навивачот одлучи да ги донира сите пари за хуманитарни цели, односно да ги уплати на сметката на Фондацијата Манчестер Јунајтед.

Фергусон, еден од најголемите фудбалски експерти досега, ги предводеше Јунајтед од 1986 до 2013 и освои дури 38 трофеи, вклучувајќи ги и 13-те титули во Премиер Лигата и две титули во Лигата на шампионите.

Напиши коментар