Сериозна приказна е главната вест на Интернет од сосема друга причина!
Во Велика Британија, властите во моментов се борат против сериозен проблем – неодамна беа зачестени нападите со нож. Без разлика дали станува збор за грабежи или злосторства од омраза, во изминатите две недели, дури две момчиња ги загубија животите.
Дури и јавни личности зборуваат за овој проблем, а актерот Идрис Елба сними видео во кое им кажува на младите дека „прободувањето со нож значи прободување на нивната иднина“, а сега на телевизија беше организирана дебата по овој повод.
Во студиото, политичарите и младо момче со фантомка, раперот Drillminister.
Иако темата е сериозна, видеото од дебатата заврши на Интернет поради сосема погрешна и неверојатна причина – Drillminister во еден момент беше жеден, зеде чаша вода и се напи … преку фантомката!
Погледнете: