← НАЗАД НА БОЗА

Внимателно: Овие фрази ја саботираат вашата врска

Внимателно: Овие фрази ја саботираат вашата врска
67 Читања

Недостаток на доверба и љубов, се најчеста причина за раскинување, меѓутоа, постојат одредени фрази, кои најчесто несвесно ги изговараме во моменти на лутина и себичност, и кои ја саботираат нашата врска, создаваат јаз меѓу нас и саканата личност и доведуваат до недостаток, што ќе резултира со раскинување.

Затоа бидете многу внимателни, кога ги изговарате следниве реченици:

  • Не е важно

Ако насред важна тема, разговорот запре со фразата „Не е важно.“, кај партнерот ќе разбудите одредени сомнежи, кои се неосновани и затоа внимателно со зборовите.

  • Лажеш!

Ако немате докази дека вашиот партнер ве излажал, запрете со неоснованите обвинувања, бидејќи може да биде предоцна.

Довербата и добрата комуникација се основа на секоја врска, па ако се сомневате во вашиот партнер, отворено поразговарајте со него, за да видите за што станува збор, без непотребни обвинувања.

  • А како ми е мене …

Кога вашиот партнер ќе се отвори и ќе ви рече дека му е тешко, немојте да бидете себични и дадете му простор. Сослушајте го, разберете го и подржете го, а кога ќе ви дојде жолта минута, тој ќе го стори истото за вас.

  • Ако ме сакаш, ќе го сториш тоа …

Во љубовта уценувањето е безпотребно, бидејќи никој не сака секојдневно да ја правда својата љубов и начинот на кој тој сака, бидејќи после се, тоа е индивидуална работа.

Емоционалната уцена е заморна и мора да бидете многу внимателни со нив.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk