Free zone

Во Германија, постигнат светски рекорд за најголем собир на штрумфови

Светски рекорд за најголем собир на штрумфови беше постигнат во еден мал град Lauchringen во јужниот дел на Германија, три години по првиот неуспех на овој град, објави новинската агенција Frans pres.

Во таа општина во Баден-Виртемберг на границата со Швајцарија, се собраа точно 2.762 штрумфови, односно учесници обоени во сино со бели и црвени капи, соопшти на Фејсбук групата која ја организира таа необична манифестација.

Според Гинисовата книга на рекорди, досегашниот рекорд го држеле жителите на Svonzi, мал град во Велс, каде што учевствувале 2.510 штрумфови.

Правилата се строги и прецизни. Учесниците мора да бидат целосно обоени во сино и облечени во класичен костум кој го носат штрумфовите.

Lauchringen веќе еднаш во 2016. имаше собир, но имаше 2.149 штрумфови.

Штрумфовите, кој прв пат се појавија во еден белгиски стрип пред повеќе од 60 години, станаа познати на глобално ниво во цртаните филмови, кои се појавуваа низ целиот свет.

Напиши коментар