Мажите во текот на зимата имаат поголема потреба од секс, според анкетата спроведена од страна на една апликација за online dating. Зиме на мажите им расте и желбата за нежност, романтика и интимност.
На 1.000 мажи, секој петти одговорил дека во зима, претпочита да го поминува времето со партнерка за која „не е толку загреан“, отколку сам.
Иницијаторите на анкетата одговорот зошто е тоа така го побараа кај психологот за брачни проблеми и проблеми во врските Д-р. Рејчел Сусман.
„Колку што во лето мажите се возбудени во врска со фактот дека се слободни, а во тоа време обично ги избегнуваат емотивните врски за да бидат во можност да прават што сакаат и кога сакаат, толку во зима неприфатлива им е емоционалната и сексуалната празнина, главно поради тоа што, исто како и жените, тогаш се чувствуваат осамени“, објасни Сусман.
Нејзиното објаснување е дека, за разлика од летните месеци кога девојки се облекуваат полесно и покажуваат поголем дел од своето тело, зиме на мажите мора да им работи имагинацијата, бидејќи, како што вели Susman, не е така како што многумина веруваат, дека секогаш ги возбудува голотијата, пренесува Дневен аваз.