← НАЗАД НА БОЗА

За ова многумина пееја!

За ова многумина пееја!
106 Читања

Има сопствен „празник“, а посветени и се и многу песни… Знаете ли за што станува збор?

Прегратка! Таа може да каже толку многу, без да изговорите еден збор…

За тоа колку прегратката е важен дел од меѓучовечките односи, исто така, зборува и тоа што се гушкаме со сите драги луѓе – родители, сестри, браќа, деца, пријатели, партнери…

Наука вели дека ни требаат неколку прегратки дневно за да се чувствуваме добро. Но, тоа не мора да ни го каже науката, само сетете се на тоа прекрасно чувство кога рацете на драга личност се обвиткуваат околу вас…

И не само што сме посреќни после прегратката, туку исто така го намалува нивото на стрес на кој што сме изложени секој ден, па затоа топлата прегратка ни е потребна повеќе од кога и да е.

Повеќе за тоа како прегратката влијае на нас:

Кога ќе размислите малку за тоа, тогаш не е ни чудо што преградата има свој „празник“ – Светскиот ден на гушкањето, кој на 21. јануари се слави низ целиот свет веќе 33 години.

Колку е важна прегратката, „исцелителна“, волшебна … сфатија очигледно и многу пејачи.

Во чест на Светскиот ден на гушкањето, тука се и неколку песни кои пеат за прегратката.

Слушајте ги и прегрнете ги вашите најблиски!

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk