Дефинитивно не постои рецепт за среќна врска, но дека постојат некои работи без кои едноставно таа нема да успее, тоа ни е јасно одамна.
Едноставно, ако вашиот однос со некое лице трае, значи дека ги споделувате истите интереси, доверба, разбирање, но исто така и заљубеност и страст.
Овие 5 работи дефинитивно се предуслов за здрави односи и врска полна со љубов и разбирање:
- Сличен карактер
Велат дека спротивностите се привлекуваат, но на долг рок, за среќна врска, треба да бидете слични во некои работи и да споделувате одредени ставови и погледи на животот.
Меѓутоа, ако сте поинакви, тоа не е најлошата работа на светот – важно е само вашите различности да се надополнуваат.
- Сексуална компатибилност
Ако сте компатибилни и уживате во размената на интимата, сè друго може правилно да функционира, но ако немате сексуална компатибилност, врската ќе функционира лошо, без разлика колку добро се согласувате во другите сегменти.
- Познавање на себеси
Ако не се познавате самите себеси, тешко ќе знаете што сакате, а ако не знаете што сакате, уште потешко ќе ги споделите своите желби и потреби со твојот партнер. Познавањето на себе си е исклучително важно, најчесто поважно од познавањето на вашиот партнер.
- Доверба
Ова е основата на секој меѓучовечки однос, а столбот е камен-темелник на здрава емоционална врска меѓу две лица. Недовербата ја уништува врската од темелите за еден ден, а потребни се години за повторно градење.
- Ментална стимулација
Лицето со кое сте во врска на вас мора да влијае позитивно и да ве поттикне да го извлечете најдоброто од себе.
Менталната стимулација е многу важна, а паровите кои меѓусебно се наведуваат да размислуваат имаат многу подобра врска, разговори и подлабок однос, од оние на кои им недостасува ментална стимулација.