Free zone

Жена се породи двапати во месец дена и роди три деца

Жена од Бангладеш двапати се породила во рок од еден месец.

Британскиот Би-Би-Си објави дека 20-годишната Арифа Султан предвреме родила момче во болницата во Кулна кон крајот на февруари.

Таа 26 дена подоцна, жалејќи се на силна абдоминална болка, побара помош од докторите во Ад-дин болницата, која откри дека жената има две матки и дека е бремена со близнаци.

Лекарите извршиле царски рез, а мајка и бебињата биле хоспитализирани на 25-ти март.

„Кога пристигна пациентката, направивме ултразвук и видовме дека чека близнаци, бевме изненадени. Претходно не сме имале ваков случај“, вели д-р Шила Подар.

Според неа, мајката е среќна што трите деца се здрави и додаде дека ќе стори сé што може за да ги направи среќни.

Напиши коментар