← НАЗАД НА БОЗА

ЗОШТО мажите го доживуваат врвот побрзо со непозната жена?! Одговорот лежи во праисторијата, но тоа не е сè!

ЗОШТО мажите го доживуваат врвот побрзо со непозната жена?! Одговорот лежи во праисторијата, но тоа не е сè!
36 Читања

Ова не е повик да го шират своето семе, ниту доказ дека моногамните односи се лоши, туку само уште едно истражување.

Едно ново истражување на Факултетот за медицина во Вустер покажува дека мажите за време на „сексот за една ноќ“ произведуваат поквалитетна сперма.

За потребите на истражувањето, мажите, секој во приватноста на својата соба во периодот од две недели добиле седум различни порно филмови, но со тоа што во првите шест филма глумела истата актерка, а во седмиот глумела „свежа“, друга актерка.

Не само што  испитаниците се изјасниле дека брзо свршиле гледајќи ја непозната актерка, туку и нивната сперма била поздрава и количински пообилна.

Иако не можат да бидат сигурни што точно е причината за ова, научниците веруваат дека станува збор за „еволутивна адаптација“, благодарение на која луѓето од праисторијата, поточно од ерата на палеолитот (пред 2,5 милиони – 11,700 години) биле во можност да оплодат повеќе жени за да го обезбедат опстанокот на нивната лоза (која во денешно време веќе, се разбира, го немаат истото значење).

Ко-авторот на истражувањето Пол Џозеф забележува дека ова истражување „не е покана за мажите да го шират своето семе, како и доказ дека моногамните врски се лоши.“

– Сега само знаат зошто „новата тема или личност“ се поинтересни кај мастурбацијата – заклучи Џозеф.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk