Сигурно сте се нашле во оваа ситуација, а тој не сакал да ја открие причината поради која одбива да користи заштита…
Возбудливиот момент во спалната соба може да исчезне во секунда штом се појави прашањето: „Дали имаш кондом?“.
Жените се оние кои почесто ќе го постават прашањето, додека мажите најчесто го избегнуваат.
Сепак, експертите велат дека жените исто така мразат да го поставуваат прашањето и се прашуваат зошто жените секогаш треба да бидат одговорни кога станува збор за ова.
Не смееме да заборавиме дека доколку не употребувате кондом постои ризик од сексуално преносливи болести.
Зголемувањето на бројот на одредени инфекции може да се припише на пад во употребата на кондоми – велат експертите од австралискиот универзитет.
Најверојатно не сте претпоставиле дека можете да бидете во брак, но без партнер …
Едно лице не треба да се грижи за тоа повеќе од друго.
И мажите и жените треба да преземат одговорност за безбеден секс.
Сепак, се чини дека жените се уште го носат најголемиот дел од товарот, бидејќи кондомите за мажите се „незгодни“.
Сепак, време е да научат дека кондомите се дел од животот, важни за нивната безбедност, и дека треба да се навикнат на нив.