Научен факт е дека постои разлика помеѓу мозокот на мажите и жените. Разликите се во начинот на тоа како размислуваме, како се однесуваме, како се чуствуваме и многу работи докажуваат дека жените и мажите се два различни светови.
Драги дами, ако сакате подобро да го запознаете вашиот партнер или да ја продлабочите вашата врска, без разлика дали станува збор само за пријателство или љубовна врска, треба да ги знаете основните нешта за нив, а веруваме дека не сте имале можност да ги дознаете овие факти претходно.
- Кога би се собрало времето, тие губат една година гледајќи во други жени.
- Лажат 6 пати на ден.
- Ставањето лаптоп во скутот доведува до неплодност.
- Истражувањата покажаа дека мажите кои изневеруваат имаат помал коефициент на интелигенција.
- Тие минуваат околу 6 месеци од животот на бричење.
- Келавите мажи се повисоки од мажите кои имаат коса.
- Жените трепкаат 19 пати во минута, додека мажите тоа го прават само 11 пати.
- Штиклите за прв пат ги носеле мажи во 17 век.
- Истражувањата покажаа дека тие први велат „Те сакам“.
- Се потат двојно повеќе од жените.