Astro&Horoscope

12 животни принципи по кои се води секоја личност родена во знакот на Стрелец

Тие знаат дека вистината боли, но немаат проблем да ја кажат. Имаат весел карактер, но тие знаат да бидат и повлечени. Одлични се во градењето sидови околу срцето за да не дозволат никој да ги повреди. Наместо да бидат лути, тие претпочитаат да ги надминуваат тешкотиите преку смеа.

  1. Немаат што да кријат и со задоволство ја кажуваат вистината.
  2. Можат да го дадат своето срце за момент, но ако ги изневерите тие ќе исчезнат што е можно побрзо.
  3. Не им треба сожалување. Тие знаат како да ја кренат главата и да одат напред, без разлика колку е тешко.
  4. Ако некој не сака да им биде пријател – не им ни треба. Во животот им требаат само двајца или тројца пријатели и семејството.
  5. Понекогаш зборуваат многу и брзо.
  6. Можат да заминат кога ќе се појави таква потреба, без да одговараат на прашања и да даваат објаснувања. Понекогаш треба да исчезнат некаде за да ги наполнат батериите и потоа да се вратат полни со енергија и оптимизам.
  7. Потребен им е љубовник кој нема да се обиде да ги смени нивните начини и ставови. Тие сакаат забавен, отворен и оптимистички партнер.
  8. Тој секогаш ќе му подаде рака на оној на кој му треба помош. Но, ако таа личност го искористи тоа, никогаш повеќе нема да го видат.
  9. Лесно е да разговарате со нив. Тешко е да ги разберете.
  10. Не сакаат да пропуштаат добри можности. Сакаат неочекувани бакнежи во неочекувани моменти.
  11. Сè додека луѓето ги ценат како личности, ги почитуваат одлуките и не се мешаат во нивниот живот, Стрелците се среќни.
  12. Не прашувајте Стрелец за мислење ако не сте подготвени да го слушнете. Тие секогаш го кажуваат она што го мислат.

Напиши коментар