Celebrity

19 години од „Каменот на мудроста“ – Актерската екипа од „Хари Потер“ повторно на едно место!

Актерската екипа на франшизата „Хари Потер“ повторно се обедини преку видео повик. Идејата беше да се прослават 19 години од филмот „Хари Потер и каменот на мудроста“, а тие најавија и поголем собир за следната година.

Даниел Редклиф (Хари Потер), Руперт Гринт (Рон Визли), Том Фелтон (Драко Мелфој), Џејмс и Оливер Фелпс (Фред и Џорџ Визли), Џејсон Ајзакс (Луциус Мелфој), Бони Рајт (Џини Визли), Алфред Инок (Дин Томас), Марк Вилијамс (Артур Визли), Евана Линч (Луна Лавгод) и режисерот Крис Колумбос повторно се обединија, овој пат онлајн и разговараа за анегдотите од снимањето.

„Ова е само најава за тоа што го планираме за следната година, кога ќе славиме 20 години од снимањето на првиот филм. Мислам дека дури тогаш сите ќе не удри носталгија“, изјави Даниел Редклиф.

Актерот Руперт Гринт се присети дека секогаш му требало многу време за да ја одигра сцената онака како што треба.

„Се сеќавам дека секогаш се смеев кога требаше да бидам сериозен. Снимав некои сцени дури и по 20 пати. Се сеќавам дека сакав да умрам од смеење кога го снимавме погребот на Дамблдор (сцената на крајот беше исфрлена од филмот)“, раскажа актерот.

Фановите беа пресреќни што можеа повторно да ги видат своите омилени актери заедно, особено откако Руперт и Даниел повторно се сретнаа. Тие се надеваат дека следната година ќе можат повторно да го видат златното трио (Хари, Рон и Хермиона) на едно место.

Напиши коментар