Shay Mitchell штотуку започна да споделува видеа на коишто го споделува својот начин на шминкање, а на нејзиното последно видео, таа сподели како станува „глам“ на просечен ден кога не снима или не се фотографира. Сјајно е, бронзено и во основа само ги подобрува сите нејзини природно прекрасни црти на лицето. Покрај тоа, брзо е и практично за секоја девојка којашто никогаш нема доволно време наутро.
Туторијалот започнува со тоа што 32-годишната актерка ни претставува како таа ја подготвува кожата. „Имам крема за сончање и крема за очи, а и користам пилинг за усни“, вели таа „Ја поставив основата!“
Потоа Shay се префрли веднаш на шминката и откри дека сака да користи коректор и контура, затоа што тоа заштедуваат многу време и се нанесуваат релативно брзо. Се прашувате кој е нејзиниот избор на коректор? – Beautyblender’s Bounce Airbrush Liquid Whip Concealer , што го нанесува над устата, под очите и на брадата.
Откако ќе заврши со коректорот, Shay ја зема четката It Cosmetics All Over Powder и ја нанесува од нејзиниот омилен производ: Tom Ford’s Shade и Illuminate Palette. Таа ја применува контурната боја од палетата до рабовите на лицето со брзи кружни движења, осигурувајќи се дека сè е добро изедначено. Таа, исто така, додава малку контурна сенка низ нејзиниот нос и во наборите на нејзините очи, за да делува еднакво.
После контурата, таа нанесува руменило во боја на праска на врвовите на образите – како и преку нејзиниот нос и челото – за да изгледа природно. Ја прави истата постапка со бронзер во прав и го нанесува на местото каде што направи контура.
За да го постави својот коректор, таа става тенок слој пудра на Laura Mercier’s Translucent Setting Powder под нејзините очи за да се осигура дека нема да се разлее. Потоа, таа го нанесува Hoolah бронзерот на нејзините капаци и долната линија на трепките.
Потоа доаѓа време за веѓите. За ова, таа користи моливче на Kelly Baker’s Brow Defining Pencil за лесно пополнување на областите кадешто нема доволно влакненца. „Искрено не се обидувам да направам да изгледаат како близнаци – само како роднини“, се шегува таа.
Потоа, Shay ги витка трепките за да добие ефект на крупни очи и потоа додава неколку слоја маскара Buxom’s Lash Volumizing Mascara за волумизација на трепките. А, за нејзините усни таа користи кармин од Kylie Cosmetics Kendall Sister Sister Lip Liner колекцијата.
И на крај, Shay применува повеќе бронзени допири во малку потемна нијанса за да додаде длабочина, а потоа завршува со нагласена боја за истакнатите црти од лицето.