Celebrity

Актерите согласни: Пристигнува повторна соработка на екипата од серијата „Teen Wolf“

Ако не ја поминавте последната деценија сонувајќи да бидете дел од тимот врколаци од Беверли Хилс, правите нешто погрешно.

Нема да кажеме двапати дека серијата „Тeen Wolf “ беше еден од најуспешните проекти на МTV. Уште од премиерата на првата епизода во 2011 година, обожавателите се за заљубија во приказните раскажани од Скот (Тајлер Поси), Стајлс (Дилан О’Брајан) и остатокот од тимот.

Иако серијата заврши во 2017 година, фан базата е се уште голема, а Дилан во интервју за „Варајети“ откри дека актерите можеби ќе можат да се обединат.

„Веднаш би прифатил таква понуда“, изјави тој, а потоа предложи да се разгледа собирот: „Знам дека повторно ќе се собереме во одреден момент“.

Коментарите на Дилан се појавија откако Тајлер Поси побара од МTV повторно да започне со снимање на серијата. Тој твитна во март: „Еј, МТV, мислам дека е време да снимаме нови епизоди од „Teen Wolf“. Прво го имавме Jersey Shore Family Vacation, време е за Teen Wolf High School Reunion

Неговата идеја беше поддржана и од Колтон Хејнс (Џексон), Коди Кристијан (Тео) и Кајлин Рамбо (Мејсон), па сега треба само да почекаме – нови епизоди.

Напиши коментар