Free zone

Овој ден има посебна моќ: Денес замислете си ја вашата најголема желба и испратете ја во Универзумот!

Денес е еден од енергетски најмоќните денови во годината, односно денот кога има најголеми шанси да се остварат нашите желби. Имено, 11 ноември, односно 11.11. е претставен со четири единици, кој во таротот и нумерологијата е претставен како Волшебник, односно некој што создава магија од ништо.

Со низата броеви 11-11, моќта на оваа бројка буквално се дуплира и се верува дека денес е идеален ден за поставување цели и остварување желби, без оглед на тоа колку звучат невозможно! Универзумот ќе ве чуе и ќе ви помогне да ги претворите вашите соништа и аспирации во реалност! Доволно е да ја испратите вашата желба во вселената со верба дека ќе се оствари и дека ќе имате помош од судбината. Обидете се да се ослободите од скептичните, негативни мисли денес и да се ослободите од грижите. Ова нека биде пријатен, опуштен ден во кој ќе најдете доволно време за себе, за уживање и за вашите позитивни мисли.

Бидете фокусирани на вашите желби, но размислете и зошто го сакате тоа и како ќе се чувствувате кога тоа ќе се оствари. Замислете детално сè што би се случило кога вашата желба би станала реалност – тоа ќе придонесе вашата желба да стане појасна, што дополнително го забрзува процесот на манифестирање. Затоа, не двоумете се денес – туку посакајте сè што ќе ви падне на ум!

Напиши коментар