Celebrity

Аријана Гранде и Мараја Кери подготвуваат Божиќен спектакл!

Двата врвни вокали наскоро ќе ги вкрстат своите гласови: добро прочитавте, Аријана Гранде и Мараја Кери наскоро ќе запеат заедно.

Божиќното специјално издание на Мараја Кери, наречено „Магичен Божиќен специјал“ ќе биде емисија којашто ќе биде достапна на стриминг сервисот Apple TV + на 4ти Декември. . Во емисијата, Кери, заедно со Гранде и пејачката Џенифер Хадсон, ќе ја отпеат песната “Oh Santa”! Но, тоа ќе биде само дел од она што планираат да ни го приредат.

Меѓу останатите гости ќе се најдат и Тифани Хадиш, Били Ајхнер, Снуп Дог, Џермејн Дупри, Мисти Коупленд и Микал-Мишел Харис.

Според синопсисот на шоуто, Мараја ја игра најдобрата пријателка на Дедо Мраз, чија задача е да ја направи најспектакуларната празнична прослава досега.

Напиши коментар