Free zone

Професионални совети за тоа како да изгледате совршено и без шминка

Повеќето дами не можат да замислат да ја напуштат куќата без барем малку пудра или маскара. Од друга страна, професионалните модели, надвор од работното место, воопшто не користат шминка и изгледаат совршено.

Секако, не можеме сите да бидеме модели и да имаме совршен тен, но ако ви е мака од шминкање и сакате да изгледате свежо и сјајно, Валерија Поветски и Емили Дидонато, едни од најубавите модели на денешницата, откриваат мали трикови за тоа како да изгледате одлично, а да не ставите ништо повеќе од балзам за усни.

Двете се согласуваат дека е исклучително важно да пиете многу течности, особено вода. Потоа, нега на кожата, хидратантни креми и заштитата од сонце се задолжителни. Ако имате повеќе од 25 години, треба да започнете да користите креми против брчки, особено околу очите. И за крај, но не и последно, пред спиење, не заборавајте да ја отстраните целата шминка и добро да го исчистите лицето. Тие, исто така, ве советуваат редовно да правите пилинг на телото, но и да избегнувате храна што може да направи да се чувствувате подуени и лицето да ви изгледа отечено. Важен е и изборот на гардероба. Ако имате розеникав тен, избегнувајте црвена облека, а луѓето со светли очи треба да носат пастелни нијанси – идеална е сината боја, бојата на кајсија и слични. И секако, чиста коса. Ако сакате да блеснете, косата мора да биде уредна и чиста.

Емили вели дека секогаш кога сака да добие природно руменило, почнува да вежба, макар тоа да се само неколку чучњеви. На крајот на краиштата, кога одат на кастинг, професионалните модели не треба да носат шминка, па затоа користат секакви трикови за да направат нивниот тен да изгледа што е можно подобро. Користат чиста четка за заби за устата. На тој начин прават пилинг, што прави усната да изгледа полна, плус, добиваат мал волумен.

Трепките секогаш треба да бидам извиткани, дури и ако не носите маскара, затоа што на тој начин на окото ќе му дадете „буден“ изглед и ќе го направите визуелно поголемо. Секогаш чешлајте ги веѓите нагоре, користејќи чиста четка, а за да ги задржите на место, попрскајте малку лак за коса на четката и нанесете ја веѓите.

Напиши коментар