Поголемиот дел од оваа година го поминавме затворени дома. На многумина им беше тешко, но има и такви кои едвај чекаа да направат пауза од бурниот живот, секојдневното средување, трчањето наоколу и слично.
Сепак, бидејќи многу планови исто така беа откажани, почнувајќи од венчавките, преку патувања, деловни активности, сè до концерти и фестивали…девојките решија да го „преземат“ Тик Ток и преку смешен предизвик да ги покажат сите оние одлични модни комбинации што сакаа да ги носат оваа година, но немаа каде да одат.
Иако сè ќе ви изгледа прилично површно на прв поглед, предизвикот „Тик Ток“ всушност открива колкави промени се случија.
Од новогодишните прослави:
Свечени пригоди, испланирани патувања…
Па, се до венчавките…
И уметниците, како што е оваа оперска пејачка, му се придружија на предизвикот. Нема концерти, па таа може да ги носи оние прекрасни сценски фустани само низ домот.
Тука се и професионалните спортистки…
Пропуштивме многу изминатата година, па единствено што ни останува е да веруваме дека следната ќе биде подобра.
Дотогаш, уживајте во уште неколку модни лекции на креативните девојки од Тик Ток.