Мулти-наградуваниот композитор, текстописец и пејач, Ед Ширан денес објави нова песна наречена „Afterglow“
Ед веќе подолго време работи на новиот албум, кој планира да го објави следната година.
Оваа песна е негов празничен подарок за обожавателите ширум светот.
- „Песната „Afterglow“ ја напишав минатата година и ви ја посветувам вам. Ова не е првиот сингл од претстојниот албум, туку е само песна што ја сакам и се надевам дека ќе ви биде драга. Уживајте! Ви посакувам безбеден и среќен одмор за време на празниците. Среќна Нова година!“