Celebrity

Тажната приказна на големата актерка: Жената со гулабите од филмот „Сам дома 2“ повторно ќе ве расплаче

Актерката, Бренда Фикер, е вистинска легенда од светот на филмовите, но повеќето ја паметат како жена со гулаби од филмот „Сам дома 2“.
Сцената на Бренда во филмот ги расплака сите и таа сигурно е една од најубавите, а сега повторно ќе се растажиме од нејзината приказна. Актерката призна дека претстојните празници нема да и бидат убави.

Оваа Оскаровка (таа ја доби наградата за улогата во филмот „Моето лево стапало“), во една радио емисија призна дека нема да ги помине Божиќните и новогодишните празници сама и дека нема да помине многу подобро од познатата жена со гулаби. Таа објасни дека ќе го исклучи телефонот, ќе ги спушти ролетните на прозорците и ќе легне покрај своето куче.

„Имам 75 години и би ве излажала сите вас ако кажев дека ќе поминам убав и среќен Божиќ. Јас сум стара и јас сум од оние луѓе кои живеат сами. Овој период од годината е темен и тежок за нас. Го исклучувам телефонот, ги спуштам ролетните, гледам добри филмови и го прегрнувам моето куче и така ја завршувам годината “, рече актерката.

Напиши коментар