Celebrity

Џенифер Анистон на мета на лошите критики: „Ова не е работа со која треба да се шегуваме“

Актерката Џенифер Анистон важи за една од омилените во Холивуд, но сега успеа да разбесни многу свои обожаватели со една објава.

Имено, таа на својот Инстаграм профил објави фотографија од укас за елка, поврзан со пандемијата предизвикана од Коронавирусот.

На дрвениот круг пишува: „Нашата прва пандемија 2020“.

Иако актерката сакаше само да се пошегува, оваа фотографија брзо се прошири, а луѓето ја коментираа во негативен контекст.

„Зошто некој би прославил година која однела милиони животи?“, „Ова воопшто не е соодветна декорација за новогодишна елка“, „Зошто го сликаше ова?“ „Ова не е работа со која треба да се шегуваме“ – се само дел од коментарите на обожователите на кои овој новогодишен украс воопшто не им се допадна.

Напиши коментар