Тие се еден од омилените модни додатоци за време на студените денови. Секогаш се тука да не стоплат, но, на колку начини знаеме како да врземе шал или марама? Ако вашиот одговор е три или пет, веднаш ќе ви кажеме дека не сте ја „совладале“ техниката на врзување. Имено, може да се врзат на многу повеќе начини. Крајниот резултат: феноменален стајлинг на кој сите ќе му се восхитуваат. Погледнете го одличното видео што ќе ви помогне да ја усовршите техниката на врзување шалови и марами, а притоа да изгледате модерно и елегантно.