Оние што не знаат што сакаат
Новата 2021 година треба да биде онаа во која конечно ќе ги прекинете сите овие – „речиси“ врски. Сите недефинирани ситуации во кои сте страната што знае што сака, а тој е оној што не знае, треба да останат во минатото. Ако тој не е подготвен да ја официјализира вашата врска и да гради иднина со вас, тоа значи дека тој не е доволно зрел и дека не треба да губите време со него.
Оние за кои се надевате дека ќе се променат
Колку пати сте се впуштиле во авантура со момче, за коешто сте знаеле да излегувате со повеќе од една девојка истовремено? Шармантен е и многу привлечен и ве „турка на земја“ со неколку ласкави зборови, нели? Ова е годината кога треба да се стави крај на ваквите комбинации. Тешко е да им се спротивставите, точно, но никоја од вас никогаш нема да го промени неговиот начин на живот.
Оние кои сакаат да ве променат
Едно е сигурно – никогаш не треба да влегувате во врска со некој што не ве прифаќа онакви какви што сте. Личноста која сака да ве промени, не ве сака, туку ја сака својата идеја за вас. Таквите луѓе сакаат некој до нив кој ќе биде совршен, и кога можат гордо да го покажат, без да ги земат предвид вашите чувства и индивидуалност.
Оние кои носат емоционален багаж
Скоро и да нема личност која нема романтична врска зад себе која не се завршила славно. И иако животот продолжува, без разлика дали успеваат љубовните врски или не, треба да обрнете внимание на тоа какви се неговите чувства во врска со неговата поранешна. Она што ви треба е човек кој го прифатил фактот дека врската во минатото е завршена, а не оној кој сè уште негува силни чувства кон поранешната девојка.