Што кога можете да го видите потенцијалот на една обична круша, домат или шајка? Кога тоалетната хартија може да биде црвен тепих, а домино коцките соѕвездија?
Тогаш веројатно сте во умот на младиот уметник Кристиан Менса кој употребува обични предмети од секојдневниот живот и со минималистичко дополнување создава неверојатни илустрации.
Менса објаснува дека уште како мал се обидувал да го гледа и доживува светот од една поинаква перспектива. Иако е тинејџер, тој има несомнено богата имагинација и талент на кој може да му завидат многумина.
Погледнете како изгледа светот на Kристиан: