Celebrity

5 фитнес правила на Џеј Ло: Пејачката и актерка во својата педесет и втора година од животот изгледа неверојатно!

Понекогаш е навистина тешко да станете од кревет и да се присилите да направите неколку стомачни, но по неодамнешниот настап на Џенифер Лопез на AMAs, нешто кликна. Импресионирани, прегледавме некои од претходните настапи – на пример, Superbowl со Шакира – но, исто така, воодушевувајќи се на нејзиниот беспрекорен изглед на фотографиите на социјалните мрежи, истраживме како да постигнеме таков изглед кој ја краси оваа дива. И да бидеме искрени, сè звучи лесно на хартија, сè додека не се проба во реалноста.

  • Прво и најважно – нема забушавање! Џеј Ло тврди дека вежбањето е еден од главните извори на нејзиниот позитивен став, па затоа не бега од тоа.
  • Mix it up! Постојаното повторување на истите вежби може да предизвика замор и досада, па затоа Џеј Ло комбинира различни видови вежби, па дури и работи со неколку лични тренери, за нејзината фитнес рутина навистина да не стане рутина.
  • Full body workout – Таа се обидува да ги вклучи сите мускулни групи во својот план за вежбање, па затоа прави широки чучњеви, планк со помош на топки, планк на страна, кревање на топката над главата, ротација на торзото, а за стомачни и склекови се препорачува 20 повторувања на секоја вежба.
  • Исхраната и се состои исклучиво од органско потекло, зеленчук и риба и избегнува преработена храна.
  • Вода, вода, вода! Џеј Ло ја нагласува важноста на хидратацијата и со тоа се откажа од кофеинот, кој не го допрела со години, и секако, од алкохолот.

Напиши коментар