Бракот, велат овие експерти, е патување низ неколку нивоа на љубов, кои се предвидливи. Ова се петте нивоа на љубов: романса, борба за моќ, соработка, взаемност и создавање.
Секое од овие нивоа е изградено на претходното, а само сите заедно можат да го реализираат целосниот потенцијал на љубовта.
Романса
Тоа е период на интоксикација додека заљубувањето трае со полн интензитет. Дури кога ќе престане пијанството, влегуваме во предворјето на љубовта.
Борба за моќ
Ниту еден пар не може да го прескокне ова ниво, без оглед колку е кроток нивниот темперамент. Ова е неизбежен период на напнатост, бидејќи тогаш доаѓаат до израз во целосна светлина нашите меѓусебни разлики. Се појавува суета, затоа што секој жестоко го брани сопствениот идентитет.
Соработка
Оваа фаза е големо олеснување за оние кои ја преживеале борбата за идентитет. Се развива нова длабочина, бидејќи гордоста е надмината и создадена е волја за промена поради другиот.
Тогаш луѓето сфаќаат дека љубовта не е толку во очекување на помош од друг, туку тонење во самите себе, преземајќи одговорност за нашите лични проблеми. Тогаш престануваме да го оптеретуваме партнерот со нив, очекувајќи тој да ги реши за нас. Тоа е моментот кога ќе престанеме да бидеме разгалени.
Взаемност
Во претходната фаза, старите проблеми и стравови остануваат и покрај жртвуваната гордост. Сепак, кој и да го преживее тоа, неочекувано достигнува повисоко ниво, ниво на взаемност. Тоа е состојба во која чувствуваме со другиот, исто како со себе.
Создавање
Ова ниво го достигнуваат оние ретките, кои заедно дочекуваат пензионирање. Ова е најнежниот и најмирен период на љубов. Тогаш нивната љубов видливо се шири кон околината; на некој начин, тие стануваат проповедници на љубовта, бидејќи со нивниот пример им дадоа патоказ на сите оние кои сè уште не го достигнале или на разочараните кои сметаат дека не е можно да се достигне таа точка.