Технологијата е опасна работа кога ќе дојде во рацете на слободните девојки. Но, и слободните момчиња не заостануваат зад нив. Многумина од нив уште на почетокот саботираат било каква потенцијална романса испраќајќи не многу соодветни и глупави пораки.
Премногу ентузијастичка прва порака
Го доби неговиот број и топката е во твој терен. Не се претставувај себеси како лудача и очајна девојка со испраќање на порака уште истата вечер. Секоја девојка сонува за момче што копнее по неа. А, за да го стори тоа, треба да бидете малку трпелива.
Порака „Дали си буден?“
Ништо добро не може да излезе од оваа порака, освен кога проверувате дали е расположен да дојде кај вас на секс. Ако затоа си ја испратила, тогаш океј. Ако не, таквото прашање веројатно може да почека до утрото.
Порака „Знам дека ја виде мојата последна порака!“
Кога на WhatsApp или Facebook Messeger ќе видиш seen и не добиваш одговор во разумно време, тоа е обично рецепт за катастрофа. Без оглед дали гледаш дека тој ја добил порака и дека сè уште не ја прочитал или ја прочитал и не одговорил, доволно е да знаеш дека пораката постои и дека веќе не е важно кога ќе ти одговори.
Порака “???”
Ова е уште поагресивна и понапорна порака од претходната.
Преемотивна, преискрена порака – роман
Некои работи подобро се кажуваат во живо. Долгите пораки обично бараат обемни одговори, а тоа не е силната точка на мажите. Ова најверојатно ќе се сведе на тоа што нема да ти одговори, а ти ќе тагуваш затоа што си ја отвори душата и не доби ништо за возврат.