Free zone

5 ТВ-ликови кои започнаа како фаворити, но на крајот испаднаа апсолутно најлоши

  1. Рори Гилмор од “Девојките Гилмор”

Во првите три сезони, Рори е слатка, љубезна, учи од нејзините грешки и е целосно прекрасен лик. Таа преставуваше пример дека може да бидете кул и паралелно да сакате книги и да сте успешни во школо.

Но, кога Рори оди на колеџ го губи нејзиниот ум. Таа станува лудо арогантна и понекогаш се однесува многу ужасно со луѓето. Плус, таа прави навистина чудни избори (особено со момчињата) и никогаш не учи од грешките што ги прави. Да не зборуваме за нејзиниот карактер во преродбата. Со сигурност тврдам дека беше заменета со маскиран вонземјанин.

2. Тед Мозби од “Како ја запознав мајка ти”

На почетокот, Тед беше безнадежен романтичар и вид на момче кое сакаше да ја најде својата девојка од соништата и да живее среќно за секогаш. Но, неговиот лик стана толку досаден и самобендисан низ сезоните. Тој излегуваше со безброј жени, но му судеше на Барни за тоа како спиел со секој и секого.

Тед беше пребирлив и плиток и ја играше жртвата кога ќе ја расипеше врската. Одеше во кругови од сериозна врска, раскинување , поврзување со рандом девојки, за конечно повторно да се врати на вистинската љубов. Стана исцрпувачки по девет години, особено кога сето тоа доведе до ужасно финале.

3. Овен Хант од “Grey’s Anatomy

Кога Овен за прв пат влезе во Grey’s Anatomy, тој беше угледен и самоуверен. Плус, тој се чинеше како прикладен партнер за Кристина, бидејќи премногу ја поддржуваше во нејзината кариера и можеше да биде во тандем со нејзината независна природа. Но, неговиот карактер со текот на времето драстично се промени.

Двата настани што ме натераа да ја изгубам почитта за Овен беа кога тој и врескаше на Кристина дека абортирала пред нејзините пријатели и кога тој ја изневерил. Според мене ова се две навистина непростливи работи. Иако, се чини како универзумот да се сврти против него, затоа што во последната сезона гледаме дека тој беше изневерен.

4. Вероника Лоџ од “Ривердејл”

Вероника е дефинитивно некој што започна со толку многу ветувања, но стана се повеќе досаден во подоцнежните сезони. Кога не го спомнува својот татко – Хирам Лоџ, во случај да не сте знаеле – во секоја реченица, таа има милијарди “работи” на страна. Не ме сфаќајте погрешно, јас го сакам фактот дека Вероника е женска икона желна за моќ – но едноставно се чувствува толку нереално да имаш тинејџер од средно училиште што го прави сето ова додека игра детектив и добива добри оценки.

5. Џина Линетти од “Бруклин 99”

Кога започнав да ја гледам Бруклин Нин-Нејн пред неколку години, мислев дека Џина е смешна. Но, како што продолжуваше шоуто и се развиваа другите ликови, беше неверојатно колку малку таа се менуваше до степен да не е веќе смешна, туку само груба.

Напиши коментар