Мажите со брада се поатрактивни од оние без неа.
Ова се резултатите од студијата во која 8500 жени морале да го проценат потенцијалот за мажите со и без брада да им бидат партнери.
Мажите проценувани од жените биле фотографирани свежо избричени, пет дена по бричење, 10 дена по бричење и четири недели по бричењето.
Резултатите беа многу охрабрувачки за брадестите мажи што ги претпочитала секоја жена во истражувањето.
Десет дневната брада доби најдобар рејтинг кога станува збор за атрактивноста.
Таа беше проследена со „вистинска брада“, а на третото место беше онаа од неколку дена.
Истражувачите велат дека типични машки карактеристики како што е силната вилицата сигнализираат на високо ниво на тестостерон, што можеби и не е нешто посебно што жените го бараат кај долгорочниот партнер.
Меѓутоа, брадата е поврзана со возраста на човекот и социјалната доминација.
Брадите можеби се попривлечни за жените кога размислуваат за подолги врски затоа што тие ја сугерираат способноста на мажот успешно да се натпреварува со други мажи за ресурси, велат истражувачите.