Free zone

К-Поп sвездата Jaejoong се извини за првоаприлската шега која што ги остави неговите фанови запрепастени

Jaejoong се извини по шегата за корона вирусот на 1ви Април, оставајќи ги обожавателите збунети и лути, бидејќи појавата продолжува да се шири и да влијае на илјадници ширум светот.

Во средата, 34-годишниот пејач, чие полно име е Kim Jae-joong, на Инстаграм објави во отстранетиот пост дека се тестирал позитивно за корона вирусот. Пред тој да открие дека неговиот пост е шега, издал извинување во кое тврдел дека неговата шега е обид да помогне во подигнување на свеста.

Неговата екипа C-JeS Entertainment RGC во Кореја дури започна да реагира на првичните извештаи и им порача на фановите дека работат на потврдување на неговото место во Јапонија, пренесе „Форбс“.

Корејската веб-страница за поп-вести „Соомпи“ објави англиски превод на извинувањето на sвездата.

View this post on Instagram

고독한 재중

A post shared by J_JUN 김재중 ジェジュン (@jj_1986_jj) on

Напиши коментар