Celebrity

Нов игран филм „Том и Џери“ – Објавен е првиот трејлер!

Штотуку беше објавен првиот трејлер за играниот филм „Том и Џери“, а мислењето на публиката веќе е поделено.

Филмот, кој треба да пристигне во кината во текот на 2021 година, ќе покаже во какви авантури се вмешале Том и Џери. Тие, всушност, ќе бидат единствениот анимиран дел од филмот. Покрај нашите омилени цртани ликови, Клои Грејс Мортез ја има една од главните улоги. Таа игра организатор на венчавката, чија задача е да избрка еден нов станар од хотелот пред венчавката – глушецот Џери.

Сценариото е напишано од Кевин Костело, а во го режираше Тим Стори. Се заснова, како што знаеме, на класичните ликови на Џозеф Барбара и Вилијам Хана. Во филмот играат и Мајкл Пена, Колин Јост, Роб Делан и Кен Јонг. Останува прашањето дали филмот успешно ќе ги измеша анимацијата и играниот дел од филмот, како познатиот „Зајакот Роџер“, или ќе помине неславно како „Штрумфовите“.

Напиши коментар